Едно лице повредено, помошна просторија изгоре во Перо Чичо (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Едно лице поради вдишување на чад завршило во болница откако голем пожар вчера избувнал во населбата Перо Чичо, каде изгорел и помошен објект.

Loading...

 

 

– На 09.07.2025 во 15.18 часот во СВР Куманово било пријавено дека во населбата „Перо Чичо“ во Куманово настанал пожар во помошна просторија, сопственост на Д.С., при што истиот вдишал дим, по што бил пренесен во Општа болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што раскажуваат жителите пожарот се ширел со голема брзина поради силниот ветер и пристигнал близу до куќите. Опожарен бил само еден објект, но постоела сериозна опасност да бидат зафатени и куќи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец, затекнат додека краде

 

Loading...

 

По многу напори и на населението и на пожарникарите, пожарот бил изгаснат.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски