Потрошувачката на едно јајце на ден може да помогне за намалување на ризикот од мозочен удар за 12% пишува “Дејли експрес”, повикувајќи се на резултатите од американско истражување.
Редовното консумирање чоколадо го намалува ризикот од мозочен удар
Loading...
Истражувањето исто така покажува дека нема поврзаност помеѓу јадете по едно јајце дневно и коронарна срцева болест.
Откритието е направено од стручњаци од Институтот Епид стат во САД, кои анализирале бројни претходни студии спроведени во периодот помеѓу 1982 и 2015 година.
Научниците набљудувале повеќе од 275.000 луѓе. Целта им била да востановат дали постои зависност помеѓу потрошувачката на јајца, ризикот од коронарна срцева болест и мозочен удар, пренесува весникот.
“Јајцата содржат многу важни хранливи материи, вклучувајќи и антиоксиданси кои го редуцираат нивото на стрес и се спротистават на воспалителните процеси во организмот. Тие исто така се прекрасен извор на протеини кои го намалуваат крвниот притисок”, коментира медиумот.