Навреме се отворени сите избирачки места во Куманово на денешните двојни избори, освен избирачкото место 1100.
Станува збор за избирачко место во селото Умин дол, а како што информираше претседателката на Општинската изборна комисија Куманово, Елизабета Стојковска имало проблем со апаратите за отпечаток од прст.
– Откако проблемот не беше отстранет, преминато е на гласање со спреј и истото е започнато во 08:45 часот, изјави Стојковска.
Навреме се отворени гласачките места во Липково и во Старо Нагоричане. Во Липково, за претседателските избори евидентирани се 26.030 гласачи, за парламентарните 26.024 гласачи кои гласаат на 36 избирачки места соопштија од ОИК Липково.
– Навреме отворени се сите места, изјави претседателката на ОИК, Ајше Демири.
Во Старо Нагоричане има 3.043 гласачи за претседателски, а за парламентарни 3.046 кои гласаат на кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.
– Навреме се отворени сите места, имаше незначителни технички проблеми кои веднаш се надминаа, изјави претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Марјан Даиловски.