Едно дете со нова песна пред настапот на 27ми на плоштадот во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Артистот Едно дете ја објави својата нова песна со наслов „Мала од Куманово“, во пресрет на настапот што ќе се одржи на 27 декември на градскиот плоштад во Куманово.

Настапот ќе биде во рамки на предновогодишната програма организирана од Секторот и Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.

Музиката за песната е дело на Едно дете, додека текстот, миксот и мастерингот ги потпишува Давид Аврамовски – SPEEDY, кој воедно е автор и на режијата и монтажата на видеоспотот.

Како асистент во реализацијата на видеото учествува Антонио Антикј, а во спотот се појавува моделот Бојана Тоневска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 50.000 лица влегле во Македонија преку ГП Табановце викендов

Како сето тоа звучи може да слушнете во продолжение: