Една жена загина, а бројот на повредени во рускиот ракетен напад врз Николаев се искачи на 16, објавено е на Фејсбук профилот на Регионалната управа на Николаев.
„Ноќта на 15 октомври, околу 02:00 часот, руските сили го нападнаа Николаев, очигледно со ракети од типот С-300. Оштетени се инфраструктурна зграда, угостителски комплекс, трговски центар, станбени згради и автомобили и избувнаа пожари. Една жена загина, 16 лица се повредени, тројца добиле амбулантна помош“, се вели во соопштението на регионалната управа на Николаев, пренесува Укринформ.
Во понеделникот во 11 часот и 30 минути, руските војници го гранатирале и селото Естуари во заедницата Халиченов, а во тој напад била оштетена приватна куќа, деловен објект и земјоделска механизација, но немало жртви.
Ноќта на 15 октомври, украинските сили и единиците за противвоздушна одбрана уништија три руски беспилотни летала Шахед-136/131 во регионот на Миколаев, а украинските воздухопловни сили претходно предупредија на закана од балистички ракетен напад од југ, пренесува Танјуг.