Една пријава за изборен поткуп во Куманово. Полицијата не утврдила прекршувања

Сподели со своите пријатели

Една пријава за изборен поткуп вчера пристигна за Куманово до Секторот за внатрешни работи, од каде ја отфрлиле како неоснована.

– Во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Октомвриска Револуција“ се врши бекатонирање на улица и дека се работи за изборен поткуп. Полициски службеници излегоа на местото и констатираа дека има палети со бекатон плочки, но дека во моментот не се вршат градежни активности, информираат од полицијата.

Исто така, пријавено е дека на гласчко место во основното училиште „Наим Фрашери“ лице го фотографирало гласачкото ливче, но по преземени мерки, според полицијата, констатирано е дека во неговиот телефон нема фотографија од гласачкото ливче.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Позната излезноста до 9 часот во Куманово

Три пријави биле доставени за Крива Паланка, но исто така полицијата не регистрирала прекршоци.

Никола Ивановски