Една пријава за изборен поткуп вчера пристигна за Куманово до Секторот за внатрешни работи, од каде ја отфрлиле како неоснована.
– Во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Октомвриска Револуција“ се врши бекатонирање на улица и дека се работи за изборен поткуп. Полициски службеници излегоа на местото и констатираа дека има палети со бекатон плочки, но дека во моментот не се вршат градежни активности, информираат од полицијата.
Исто така, пријавено е дека на гласчко место во основното училиште „Наим Фрашери“ лице го фотографирало гласачкото ливче, но по преземени мерки, според полицијата, констатирано е дека во неговиот телефон нема фотографија од гласачкото ливче.
Три пријави биле доставени за Крива Паланка, но исто така полицијата не регистрирала прекршоци.
Никола Ивановски