Една од накитените новогодишни елки на Менхетен, Њујорк, експлодирала во пламен, а еден маж е уапсен за подметнување на пожарот, пренесоа американските медиуми.
Божиќното дрво зафатено во пожар беше поставено пред редакцијата на Фокс њуз на Менхетен, а во истата зграда се наоѓаат и Њујорк Пост и Волстрит журнал.
#BreakingNews : Fox News Christmas tree caught fire outside their headquarters on Continental Avenue, suspected arson 📌 #Manhattan #Newyork pic.twitter.com/ILeGQwKrId
— Akıncı (@Aknc35624923) December 8, 2021
Осомничениот за подметнувањето пожар најпрво бил забележан од обезбедувањето на Фокс нешто по полноќ додека се качувал на вештачкото дрво високо 15 метри, соопшти полицијата.
Интервенирале и пожарникари, а во инцидентот за среќа нема повредени.
49-годишен маж кој ја запалил елката се обидел да побегне од местото, но подоцна бил уапсен и обвинет за неколку кривични дела. Кај осомничениот е пронајдена запалка.
Уапсениот бил идентификуван како Крег Таманаха, бездомник со последната пријавена адреса во Бруклин.
Новогодишната елка содржела 10.000 стаклени украси, 100.000 светилки, а биле потребни 21 час за да се заврши нејзината декорација.

