Една година од првиот случај на коронавирус

Сподели со своите пријатели

Пред една година беше регистриран првиот случај на коронавирус кај 55-годишен маж од кинеската провинција Хубеи.

Loading...

Од тогаш, бројот на заразени лица во светот надмина 55 милиони, а повеќе од 1.300.000 луѓе починаа од последиците на Ковид-19.

Нулта пациентот, според „Чајна Морнинг Пост“, е регистриран на 17 ноември 2019 година во кинеската провинција Хубеи.

Тоа е повеќе од еден месец пред лекарите да ги регистрираат првите случаи во Вухан.

Научниците се сомневаат дека Ковид-19 од лилјак преминал на друго животно кое подоцна го консумирал човекот, па затоа почнал да се шири меѓу луѓето.

Експертите тврдат дека од 17 ноември минатата година, секој ден се пријавувале по неколку пациенти, а на 15 декември 2019 година тој број бил 27.

Бројките тогаш почнаа нагло да се зголемуваат, а заразата ја помина кинеската граница.

Иако повеќе од 38 милиони луѓе се излекувале за една година, вирусот не стивнува и се чини дека врвот допрва доаѓа.

Loading...

Денеска, најнаселената земја во светот, од каде започна сè, регистрира неколку случаи на ден, додека во САД има 150.000 новозаразени, а во некои европски земји над 40.000.

За споредба, во Кина од почетокот на пандемијата се заразиле малку повеќе од 86.000 луѓе, а 4.634 починале.

Во моментов, најмногу заразени има во САД, Индија, Бразил, Франција и Русија.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply