Колку може да биде деструктивно претерувањето со алкохол, редовно сведочиме на дневна база. И додека повеќето луѓе го консумираат умерено, само во Америка 9% од младите помеѓу 18 и 25 години се зависни од алкохол, пренесува TheLadBible.
Редит корисникот со корисничко име Klamskykrawl, кој се бореше со алкохолизмот, на социјалната мрежа постави фотографија на која покажува што му се случило откако една година воопшто не се напил алкохол.


