Една година откако станал бесплатен, само двајца од 10 жители редовно одат на работа со јавен превоз. Шест од 10 лица сè уште патуваат со автомобил, според државната агенција за статистика.
Со само 614.000 жители, Луксембург е една од најмалите земји во Европа и прва земја во светот каде јавниот превоз е бесплатен за сите.
Една од целите на проектот, воведен на 29 февруари 2020 година, било да се зголеми бројот на патници во јавниот превоз за 20 проценти до 2025 година.
Луксембург има огромен сообраќаен проблем. Главните патишта редовно се зафаќаат во сообраќаен метеж, автобусите се старомодни, а железничката мрежа е позната по доцнењата.
Околу 200.000 работници, скоро половина од работната сила на Луксембург, патуваат од Белгија, Франција и Германија, привлечени од високи плати и богата економија.
„Бензинс туристи“ од соседните земји, кои ја преминуваат границата поради пониските цени на дизелот и бензинот, исто така создаваат толпи.
Цената на проектот за бесплатен јавен превоз е 41 милион евра изгубени приходи од билети, но тоа се надоместува од даночните обврзници.
За многу работници во Луксембург, сепак, државата го субвенционирала годишниот билет, така што, всушност, малку луѓе порано трошеле пари за превоз.