Пациентката заболена од коронавирус во земјава е во стабилна состојба, рече министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на Граничниот премин Табановце.
– Пациентката на Клиниката за инфективни болести се чувствува добро веќе трет-четврт ден е без температура, сметам дека полека влегува во постабилна фаза од болеста, нема пациенти кои во моментот се тестираат. Новина е што вчера стигнаа контролните резултати од лабораторијата во Германија кои ги потврдија сите наши тестови, негативните и позитивниот, изјави Филипче.
На Граничниот премин Табановце има посебна соба за изолација и доколку некој патник покаже симптоми истиот веднаш се става на страна и се испитува, појасни министерот за здравство Филипче.
Од утре со помош на локалните самоуправи, како што најави министерот за здравство, приборот за дезинфекција кој веќе е набавен ќе се достави до училиштата.
Никола Ивановски