ЕДИНСТВЕНА ВАЛУТА: Парите во овој град растат на дрво

Сподели со своите пријатели

Гратчето Скагвеј на Аљаска, со само 1.000 жители е многу изолирано. Се наоѓа 160 километри северно од Џуноа, а 1.300 километри југоисточно од Енкориџ. Кагвеј е основан кон крајот на 19 век кога во екот била златната треска, но денес вредните материи не се копаат во рудниците туку се собираат од дрвјата.

Loading...

Имено, во Скагвеј врвовите на гранките кои луѓето ги собираат се од смреките близу Националниот историски парк Клондик голд раш можат да служат како валута. Така може да се случи за едно пиво во пивницата „Скагвеј брувинг ко.“ да платите со килограм-две врови од гранки на оморика, од кои тоа пиво и се произведува.

Во оваа гратче мистериозен човек кришум им остава пари на мештаните

Смреките играат важна улога во локалната економија, па локалните жители и посетители ги заменуваат за готови пари или стока. Иако во „Скагвеј брувинк ко“, може да се добие само кеш, не е необично да се заменуваат за храна, кафе или огрев.

– Мислам дека тоа не е многу поразлично од она што се случувало во минатото, кога се менувало злато за друга стока, рекол за ВВС Кевин Куртејн кој на Аљаска работи како туристички водич.

Замената на врвови од гранки смрека, богати со витамин Ц, започнала со племето Тлингит, кое од нив правело чај. Дури и капетанот Џејмс Кук кога ја посетил Аљаска кон крајот на 1770те направил пиво од врвовите на гранките смрека за да срепчи скорбут меѓу морнарите. Пупките на смрека можат да се берат само недела-две годишно и во пролет кога се меки. Не смеат да бидат ниту незрели ниту презреани. Лековитиот остаток освен во храната се става и во козметика, поради антибактериското дејство.

Loading...

Интересни факти за норвешкото гратче во кое шест месеци нема сонце (ФОТО)

– За мене пупките од смрека се валута. Самиот факт дека можете да излезете надвор и да ги пронајдете бесплатно, да ги наберете и тоа да го претворите во храна ја зголемува монетарната вредност која ја имаат за мене, вели Анемари Хаскамп, сопственик на компанијата „Глацијал натуралс“.

На Аљаска нема комерцијална земјоделска економија, па берењето на врвовите од гранки на смрека е најблизу на тоа луѓето да живеат и заработуваат од својата земја. Емили Грејс Вилис, сопственичка на фирмата „Мејден Аљаска Хербалс“, прави балсам за раце и мед од пупките смрека.

Мрачни тајни на проколнатото гратче во Европа: За шест години 79 самоубиства (ФОТО+ВИДЕО)

– За мене интеракцијата меѓу луѓето и дрвјата е помалку спиритуална работа. Но, ако соберете нешто од дивината што никој не го поседува, тогаш тоа е како пари кои растат на дрво, рекла Вилис.

До 2016 година за половина килограм се плаќале четири долари или пинта пиво. Кога ги прегледале законите, сопствениците на пиварницата заклучиле дека легално не можат да нудат пиво како компензација, па следната година преминале на издавање готовина за врвовите на гранки смрека, по пет долари за половина килограм. Поголемиот дел од луѓето парите ги трошат за пиво, велат сопствениците.

Во овој град платите се 1.200 евра, киријата само 15 евра, а криминалот не постои (ВИДЕО)

Секоја сезона персоналот на пиварата собира околу 100 килограми, а жителите на своја рака берат уште толку.

Loading...

Leave a Reply