Едицијата „Црните страници на УДБА“ во петок ќе биде промовирана во Куманово
On:
Сподели со своите пријатели
„Црните страници на УДБА“ е насовена едицијата која во петок со почеток во 13 часот ќе биде промовирана во кумановскиот театар.
Промотори на книгата ќе бидат Филип Петровски, директор на Државен архив на Република Македонија, професорот Александар Даштевски, како и советниците во Државниот архив, Дора Јурукова и Игор Сатиров.
Едицијата ја издава самиот Државен архива на Република Македонија, а посветена на последиците од делувањето на тајните служби на поранешната заедничка држава Југославија, составена од 16 книги во девет тома, а ќе може да се купи како комплет по цена од 15 илјади денари.