Италијанската премиерка Џорџа Мелони пристигна на енергетскиот форум во Абу Даби, каде доживеа незаборавен пречек, кој не можеше да биде поголемо изненадување, пишува Ослобоѓење.
Имено, албанскиот премиер Еди Рама ѝ дал внимание кое можеби не го очекувала.
Во моментот на нејзиното пристигнување на самитот, каде учествува и Албанија, Рама клекнал пред Мелони и ѝ предал црвено-црн пакет во кој имало шал, пишува Ослобоѓење.
Овој гест стана симболичен момент на самитот, а беше проследен и со топла прегратка меѓу двајцата лидери.
Ова не е ништо необично за овие двајца државници кои се познати по блиските односи и кои претходно во јавноста си разменуваа „нежност“.
Рама на новинарите им предложи и заедно да отпеат роденденска песна за Мелони, која го прослави роденденот на 15 јануари.
Но, премиерката Мелони одговори смеејќи се: „Не ги засрамувајте“.
Иако моментот беше лесен и пријателски, самитот беше и место на важни дипломатски и економски договори.
Италија, Албанија и Обединетите Арапски Емирати потпишаа договор вреден најмалку една милијарда евра за изградба на подморска интерконекција за обновлива енергија преку Јадранското Море.
Edi Rama – Giorgia Meloni – Abu Dhabi – Birthday gift pic.twitter.com/GvGktJu1c9
— News video (@Newsvideo13) January 15, 2025