Во шумскиот пожар што ја опустоши внатрешноста на популарното одморалиште Сен Тропе на Азурниот брег загина едно лице, соопштија локалните власти.
Во противпожарната акција во средата беа вклучени повеќе од 1.200 пожарникари.
Среде летната сезона, избувна пожар недалеку од местото за одмор на автопатот, а огнот се прошири на повеќе од 5.000 хектари.
Силен сезонски ветер од Средоземното Море ги разгорува пламените јазици.
https://youtu.be/fTyx2fo7Ulo

