Најмалку едно лице загина, а повеќе од 30 се повредени во саботата кога два патнички автобуса се судрија на меѓународниот аеродром во близина на Техеран, објавија државните медиуми.
Loading...
„Едно лице загина, а повеќе од 30 луѓе се повредени во судирот“, изјави полициски претставник на аеродромот Имам Хомеини во Техеран за државната телевизија.
„Единаесет повредени се во тешка состојба“, рече тој, без да ја прецизира националноста на патниците во автобусот. Аеродромот Имам Хомеини е главниот меѓународен аеродром во Иран, кој се наоѓа на 30 километри југозападно од главниот град.