Еден загинат и двајца тешко повредени во сообраќајка кај село Трновац

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгдишник од Скопје загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајка што вчера се случила во атарот на селото Трновац, кратовско.

– На 17.10.2025 во 14:24 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионален пат кај место викано „Превалец“, во атар на с.Трновац, кратовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје и патничко возило „дачија сандеро“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.В.(33) од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, на местото на настанот починал сопатникот од возилото „фиат добло“ А.А.(38) од Скопје и од страна на лекар констатирана била смрт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Комбе изгоре во пожар во Никуљане

Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од јавен обвинител и СВР Куманово.

Никола Ивановски