Еден погрешен збор и куршум во главата: Вака изгледа талибански ТВ дневник (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бабак Тагваи, воен аналитичар, публицист и заколнат противник на шиитските или сунитските џихадисти, објави видео денес од телевизиска станица во Авганистан, каде што говорникот на информативно шоу е опкружен со вооружени Талибанци, кои го следат за она што тој има да го каже.

Loading...

„Гледајте талибански терористи на авганистански ТВ -станици. Тие се таму за да се погрижат ТВ презентерите да не кажуваат лоши работи за групата и исламот. Ако некој или водителот каже нешто лошо, тогаш ќе ги стрелаат!”, напиша тој.

Од изгледот на нивните лица, двајцата чувари очигледно ревносно ја сфатија задачата, бидејќи внимателно го следеа она што презентерот го зборуваше, за да не случајно каже нешто што може да го чини живот.

Патем, од доаѓањето на власт, Талибанците се заколнаа дека ништо нема да се промени во известувањето на медиумите и дека жените сепак ќе можат да работат и да известуваат подеднакво.

Сепак, тие на мала врата и во најголема тишина, први беа отстранети од малите екрани.

Дека сѐ нема да биде исто, може да се види од упатствата како во иднина да известуваат за Талибанците и владата.

После сето тоа, на ред дојдоа радиостаниците, каде музиката што не беше религиозна или антиисламска беше укината.

 

Loading...