Еден од најбогатите луѓе во Полска, пронајден мртов!

Сподели со своите пријатели

Јержи Крзановски, еден од најбогатите Полјаци, пронајден мртов откако исчезна од семејниот дом!

Loading...

Крзановски (54) последен пат бил виден во четвртокот наутро кога излегол од својот дом во градот Кростенки Визна на југоистокот од државата и исчезнал.

– Семејството попладнето ја известило полицијата за исчезнувањето – изјави за ТВН24 Павел Бучињски од општинскиот полициски штаб во Кросно.

Неколку десетици припадници на полицијата и спасувачката служба користеле кучиња трагачи и беспилотни летала со термални камери за време на потрагата по исчезнатиот милионер.

Телото на исчезнатиот милионер е пронајдено околу 1 часот по полноќ во ноќта меѓу четвртокот и петокот во шумата на неколку стотини метри од неговата семејна куќа.

– Потрагата беше комплицирана бидејќи најмногу се одвиваше на простор густо покриен со грмушки и висока трева – рече Бучињски.

Според Газета, причината за смртта се уште не е објавена.

Браќата Јержи и Адам Кржановски во 1992 година ја основаа компанијата „Нови Стил“, која со текот на времето стана еден од најголемите европски производители на канцелариски мебел.

Loading...

Меѓу другото, „Нови Стил“ произведе седишта за стадионите на Светското првенство во фудбал што пред две години се одржа во Катар. Во 2023 година компанијата прослави вкупна продажба од 50 милиони столчиња, додека истата година забележа приход од 310 милиони евра.

„Нови Стил“ вработува неколку илјади работници.

Во 2021 година, Јержи Крзановски и неговиот брат беа рангирани на 57. место на листата на најбогати Полјаци на магазинот Форбс. Нивното богатство тогаш беше проценето на 235 милиони евра.

Бизнисменот беше обвинет за корупција во 2016 година, но случајот никогаш не дојде на суд.