Еден милион долари за секој заробен руски авион

Сподели со своите пријатели

Украинската државна компанија за оружје „Укроборонпром“ понуди по 1 милион долари за секој заробен руски воен авион.

Loading...

Условот е авионот да биде подготвен за борба, а понудата важи и за руските пилоти кои се подготвени да побегнат на украинската страна.

 

Русија најави брз, жесток и болен одговор на Западот

 

Укроборонпром, исто така, објави дека нуди половина милион за секој заробен руски воен хеликоптер во способна состојба.

„Им гарантираме државјанство на слободна земја на сите пилоти на Руската Федерација кои се подготвени да учествуваат во програмата“, соопшти украинската државна компанија.