Еден цивил загина во украинското гранатирање на регионот Белгород

Сподели со своите пријатели

Еден цивил загина, а три лица се ранети во украинско гранатирање во градот Шебекино во руската област Белгород, изјави гувернерот на тој регион на границата со Украина.

Loading...

„Човекот починал од раните на лице место пред да пристигне брзата помош“, изјави Вјачеслав Гладков во објавата на Телеграм, додавајќи дека две ранети лица се пренесени во локалните болници.

Според него, во гранатирање со повеќецевни ракетни системи биле оштетени шест станбени куќи и 11 станбени згради.

Ројтерс не можеше самостојно да го потврди извештајот за украинскиот напад, а засега нема коментар од Украина.