Западнобалканската шесторка има силен економски потенцијал за раст и конвергенција со ЕУ, меѓу мора да ги унапреди своите еконосмки перформанси, оценува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во објавениот извештај за дијагноза на состојбата на економијата на Западен балкан.
ЕБОР во Лондон е домаќин на третиот Западнобалкански инвестициски самит на кој учествува и премиерот на Република Македонија Зоран Заев.
Во извештајот пишува дека потикнувањето на регионалната соработка во последните две децении помогнало Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија да напредуваат кон евентуално членство во ЕУ.
Меѓутоа, според ЕБОР ќе бидат потребни децении, дури и по оптимистично сценарио, тој регион да достигне просечен животен стандард на ЕУ.
Целосната конвергенција, како што се наведува, ќе бара од земјите на Западен Балкан утврдена и сеопфатна „реформска агенда“ за унаредување на продуктивноста и инвестициите.
Слабата продуктивност е основен проблем кој го кочи еконосмкио развој на тој регион по години недоволни инвестиции, слаби институции и неповолно бизнис опкружување.
Најголемите предизвици се конкурентноста и управувањето.
Слабите институции и преголемото присуство на државата во некои индустрии, оневозможуваат приватниот сектор кој дава главен придонес во економското производство, да достигне целосен потенцијал.
Во извештајот се наведува дека продуктивноста на приватниот сектор на Западен Балкан е на само 60 отсто од нивото на ЕУ и тоа кај преработувачката индустрија од 55 отсто, а кај кај услугите 70 отсто.
Унапредувањето на продуктивноста и растот спречуваат презадолженост не компаниите, слаба инклузија на младите, нелојална конкуренција од сива економија, корупција, гломазна даночна администрација, проблеми со испорака на струја и ограничен пристап до финансиите.
Сето тоа, наведува ЕБОР, го остава Балканот со 20 милиони жители и опкружен со членки на РУ со просечен бруто домашен производ по жител од само четвртина од БДП на Западна Европа.
Заменикот директор за економија и политика во земјите во ЕБОР, Питер Санфи рекол дека нивното истражување укажува на проблеми кои треба да бидат решени.
– Сепак важно е на проблемите да се гледа како на предизвици, а не ненадминливи пречки. Тие укажуваат на потребата од спроведување на севкупен програм реформи, истакнува Санфи.
Како се додава, зада се затвори јазот во просперитот помеѓу Западен балкан и ЕУ мора да се зајакнат реформите насочени на изградбата на одржливи пазарни економии.
ЕБОР го повикува Балканот за потикнување во приватниот сектор со поддршка на домашни и странски инвестиции.
Укажува дека државата мора да има важна улога во овозможувањето на растот, но така што ќе обезбеди владеење на правата, стабилно макроекономско опкружување и јасни правила за бизнисот.
ЕБОР е водечки институционален инвеститор на Западен Балкан со повеќе од десет милијарди евра вложувања низ 600 различни проекти.
Извор: Б92