Француската метеоролошка служба издала предупредување на опасност од многу снег, мраз и разорни ветрови за поголемиот дел од државата, додека од граѓаните е побарнао да го ограничат своето движење. Метео Франс наведува дека снегот ќе паѓа до петок.
Неколку луѓе починале среде зимата, меѓу кои 75-годишник кој пропаднал низ мраз во Холандија.
Еден 38-годишен маж е пронајден мртов во замрзната река на северот на Германија, пренесува ДПА.
Во Данска 54-годишен човек заболен од деменција е пронајден мртов во снего на балтичкиот остров Бонхолм, соопштува полицијата.