Џорџ Буш ја помеша Украина со Ирак: Инвазијата на Ирак е брутална и неоправдана

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја опиша инвазијата на Ирак како „брутална и неоправдана“, за веднаш да се поправи и да рече дека мислел на руската инвазија на Украина.

Loading...

Буш е познат по неговите лапсуси за време на неговото осумгодишно претседателствување со САД.

Во говорот на настан во Далас, Буш го критикуваше рускиот политички систем.

„Изборите во Русија се наместени. Политичките противници се затворени или на друг начин елиминирани од изборниот процес. Резултатот е недостаток на контрола и рамнотежа во Русија и одлука на човекот да започне целосно неоправдана и брутална инвазија на Ирак“, рече тоји бргу се корегираше:

 

Кога ќе ги помешаш војните и народите (ВИДЕО)

 

„Мислам на Украина, хе“, рече републиканецот, склон кон гафови, одмавнувајќи со главата. „Така и Ирак“, тивко промрморе тој пред да рече: „Како и да е,… ух… 75“, очигледно повикувајќи се на неговата возраст, додека публиката се смее.

Loading...

САД го нападнаа Ирак во 2003 година под изговор дека земјата наводно крие оружје за масовно уништување и терористи. Никогаш не беше пронајдено оружје за масовно уништување.

Повеќе од четвртина милион луѓе загинаа во конфликтот што следеше, вклучително и речиси 5.000 американски војници, според ирачкиот број на тела, веб-страница што ги проверува извештаите и евиденцијата за жртвите во земјата.