Џонсон веднаш воведува санкции за Путин и Лавров

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Борис Џонсон веднаш ќе воведе санкции за рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, како одговор на нападот врз Украина, соопштено е вечерва од Даунинг стрит, пренесува Танјуг.

Loading...

Одлуката е донесена откако британската влада во четвртокот воведе сет санкции за руските банки, авиокомпании и олигарси блиски до Кремљ, како одговор на воената офанзива во Украина, објави Ројтерс.

Џонсон ги повика лидерите на НАТО да преземат итна акција преку меѓународниот платен систем SWIFT со цел „да му нанесат максимална болка на рускиот претседател Владимир Путин и неговиот режим“, пишува „Индипендент“.