Џонсон: „Варварските постапки“ на Путин се тест за целото човештво

Сподели со своите пријатели

Варварските постапки на рускиот претседател Владимир Путин се тест, не само за Украина, туку и за целото човештво, изјави британскиот премиер Борис Џонсон во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Anadolu Agency.

Според британската влада, Џонсон и Зеленски „го осудија убиствата на американските новинари Брент Рејно и голем број невини Украинци и киднапирањето на градоначалниците на Днепрорудни и Мелитопол.

 

Денеска продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина, ќе се одржат онлајн

 

„Велика Британија ќе продолжи да бара повеќе опции за зајакнување на самоодбраната на Украина, работејќи со партнерите, вклучително и состанок на заедничките експедициски сили во Лондон во вторник“, рече Џонсон.

Тој нагласи дека Велика Британија ќе продолжи да стои до Украина во сите напори за ставање крај на катастрофалниот конфликт.

Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, повеќе од 2,5 милиони луѓе ја напуштија Украина, додека околу два милиони беа раселени во таа земја.

 

Денеска продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина, ќе се одржат онлајн

 

Според Обединетите нации, во Украина загинале најмалку 579 цивили, а 1.002 се ранети.

САД, ЕУ и многу други земји воведоа санкции кон Москва, а многу светски компании ги прекинаа сите операции во таа земја.