Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Украина нема да се приклучи на НАТО „во скоро време“, откако претседателот на земјата призна дека Украина нема да стане дел од западната воена алијанса.
Претседателот Владимир Путин долго време ги сметаше напорите на Украина за влез во НАТО за закана за Русија, што алијансата го негира, пренесува Би-Би-Си.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во вторникот дека Украина сфатила дека не може да се приклучи на НАТО, што е негово најексплицитно признание дека целта содржана во уставот на Украина веројатно нема да биде исполнета.
Тоа се случи кога Русија и Украина одржаа нова рунда разговори, а Зеленски во средата рече дека руските барања стануваат „пореални“.
Кадиров му се закани на Маск: Не се натпреварувај со мојот претседател, нема да биде смешно
Во средата, Џонсон, еден од најголемите западни поддржувачи на Украина, рече дека „нема шанси Украина наскоро да се приклучи на НАТО“. Но, тој рече дека одлуката мора да биде донесена во Украина.