Украина ќе ја победи Русија и повторно ќе биде слободна земја, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон во обраќањето пред украинскиот парламент преку видео врска.
Британскиот премиер, кој најави дополнителна воена помош од 356 милиони евра за Украина, вклучително и опрема за електронско војување и радарски систем против батерии, рече дека Британија ќе продолжи да ја снабдува Украина.
„Имам една порака за вас денес: Украина ќе победи, Украина ќе биде слободна“, рече Џонсон, цитиран од Ројтерс.
Тој оцени дека Украина „го уништи митот за непобедливоста на претседателот Владимир Путин“ во борбата против Русија.
Таканаречената неодолива сила на воената машина на Путин го скрши неподвижниот предмет на украинскиот патриотизам и љубовта кон земјата“, рече Џонсон.