Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека следната недела ќе биде претставена нова национална енергетска стратегија, бидејќи рускиот напад врз Украина продолжува да ги зголемува цените на енергијата.
„Она што (рускиот претседател Владимир) Путин го прави во Украина предизвикува глобална несигурност и скок на цената на нафтата, што доаѓа и до лобито на Велика Британија и секој може да го види ефектот од зголемувањето на цените на бензинот“, рече Џонсон за време на посетата на Блискиот Исток денес, пренесува Ројтерс.
Кадиров му се закани на Маск: Не се натпреварувај со мојот претседател, нема да биде смешно
„Следната недела ќе ја одредиме енергетската стратегија за Велика Британија, односно голем скок напред во областа на обновливите извори на енергија, во делот на зголемување на нуклеарната енергија, поефикасно користење на сопствените јаглеводороди. Ќе разгледаме и што можеме да направиме за да набавиме јаглеводороди од други места освен Русија“, рече Џонсон.
Тој ја нагласи потребата да се удвои темпото на изградба на ветерни електрани.