Џонсон: Планирам да останам премиер

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека планира да остане на функцијата и покрај оставката на тројца министри од неговата влада.

Loading...

Џонсон им рече на пратениците дека „работата на премиерот, кога има тешки околности, е да продолжи понатаму“.

Двајца министри – Саџид Џавид и Риши Сунак – поднесоа оставки вчера, велејќи дека повеќе не можат да го поддржуваат Џонсон поради неговото справување со етички скандали, вклучително и случајот на висок функционер кој беше обвинет за сексуално вознемирување.

Тој брзо смени двајца министри, назначувајќи го Стив Баркли на местото на Џавид, додека Надим Захави ќе биде министер за финансии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

Сепак, поддршката на Џонсон во Конзервативната партија рапидно опаѓа.

Противниците се надеваат на промена на правилата внатре во партијата, за да има уште едно гласање за доверба на премиерот.