Џонсон назначи целосно нов кабинет

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, назначи целосно нов кабинет, јавуваат британските медиуми.

Loading...

Претходно денеска медиумите објавија дека Џонсон ќе поднесе оставка на местото лидер на Конзервативната партија и дека до есен би можел да биде вршител на должноста премиер.

– Борис Џонсон денеска ќе поднесе оставка на местото лидер на Конзервативната партија – напиша на Твитер политичкиот уредник (ББЦ) Крис Мејсон.

Се очекува Џонсон да и се обрати на јавноста околу 14 часот, а пред прес-конференцијата одржа состанок во својата резиденција каде именуваше нови министри.

Имињата на новите министри сѐ уште не се официјално објавени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

Трката за лидер на партијата ќе се одржи летово, а новиот премиер ќе биде именуван пред конференцијата на Ториевците во октомври.

Џонсон денеска беше повикан да поднесе оставка од двајца британски министри.

Новиот британски министер за финансии Надим Захави му порача на Џонсон да поднесе оставка, посочувајќи дека кризата што ја зафати британската влада само ќе се влоши.

Loading...

Секретарот за одбрана Бен Валас исто така го повика Џонсон да поднесе оставка, но рече дека ќе продолжи да ја штити националната безбедност.

Политичкиот уредник на британскиот весник „Сан“ Хари Кол изјави дека Џонсон ќе остане премиер додека не се избере нов лидер, што може да потрае и до два месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер се обидува да изгради „прагматични“ односи со Кина