Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека „наскоро ќе ја напушти функцијата со крената глава“, една недела откако беше принуден да поднесе оставка како лидер на Конзервативната партија, откако ја загуби поддршката од клучните владини функционери и пратеници.
Loading...
– Горд сум на моето досегашно лидерство и наскоро ќе ја напуштам премиерската функција со крената глава – изјави Џонсон во парламентот, пренесе Ројтерс.
Тој рече дека Конзервативната партија ќе се обедини околу победникот за нов лидер, кој ќе го замени Џонсон.