Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, ја отфрли можноста Лондон да го олесни визниот режим за украинските бегалци, велејќи дека Британија е дарежлива земја, но дека мора да провери кој влегува.
„Ние сме многу, многу дарежлива земја. Она што го сакаме е контрола, сакаме да видиме кој влегува. Мислам дека има смисла за такво нешто, со оглед на тоа што се случува во Украина“, рече Џонсон, цитиран од Ројтерс.
Русија ја прогласи Македонија за непријателска држава – на листата над 20 земји
Тој рече дека Британија не сака систем во кој луѓето ќе можат да влегуваат во земјата без никаква проверка и контрола.
„Мислам дека тоа не е вистинскиот пристап, но нашиот пристап е сè уште многу, многу дарежлив. Како што ситуацијата се влошува, луѓето ќе сакаат да ја видат нашата земја како ги шири рацете кон луѓето кои бегаат од војната“, рече тој.