Обединетото Кралство ќе биде подготвено да ја обезбеди сета потребна поддршка и азил на членовите на украинската администрација и претседателот Володимир Зеленски, доколку донесат одлука да ја напуштат таа земја, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.
– Секако дека сме подготвени да ја обезбедиме сета потребна поддршка, логистика или која било друга. Британија секогаш го правела тоа со администрациите во егзил. Токму тоа му кажав на Зеленски утринава дали тој и владата имаат потреба од засолниште – истакна Џонсон во своето обраќање пред пратениците во британскиот парламент.
Џонсон одговори на прашањето дали украинската влада во егзил би можела да работи во Британија, доколку армијата биде поразена за време на конфликтот со вооружените сили на Руската Федерација.
Во текот на ноќта ескалираше кризата во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин најави „почеток на специјална воена акција“, а потоа низ Украина почнаа да пристигнуваат извештаи за гранатирање, која набрзо објави дека започнала инвазија на нејзината територија.
Исто така, има се повеќе информации дека руската армија ја презела нуклеарната централа Чернобил, која се наоѓа недалеку од границата со Белорусија.