Џинпинг: Ќе работиме на подобрување на односите со Австралија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, денеска по повод посетата на австралиската министерка за надворешни работи Пени Ву на Пекинг изјави дека Кина е подготвена да работи на промовирање на стратешкото партнерство со Австралија.

Loading...

Посетата на министерката за надворешни работи на Австралија Пени Ву на Кина може да се смета за историска, бидејќи тоа е прва посета на австралиски функционер на оваа земја по четири години, кои беа одбележани со тензии во билатералните односи, пренесува Ројтерс.

Дипломатските односи меѓу Австралија и нејзиниот главен трговски партнер Кина значително се влошија во последниве години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден ќе се сретне со кинескиот претседател

Во 2020 година, Канбера повика на меѓународна истрага за потеклото на корона вирусот во Кина, а Пекинг реагираше со ембарго за увоз на австралиски стоки.

Покрај тоа, Кина беше налутена од одлуката на претходната конзервативна влада на Скот Морисон да му забрани на кинескиот технолошки гигант Huawei да пристапи до австралиската 5G мрежа.

Средбата меѓу австралискиот премиер Ентони Албанезе и кинескиот претседател Кси на маргините на самитот на Г20 во Бали минатиот месец сигнализираше дека новата влада на Австралија, избрана во мај, сака подобри односи со Пекинг.