Џихадисти испратиле дете да се разнесе: Самоубиствениот појас му го постави „гордиот“ вујко (видео)

Сподели со своите пријатели

Џихадисти во Мосул испратија дете кое нема ни повеќе од шест години да лута смао низ градот, додека не дојде до ирачката армија. Меѓутоа, детете на себе има појас со динамит.

Самоубиствениот појас бил околу телото на момчето кога го пронашле специјалците наирачката армија.

Момчето го забележале семејствата кои живеат покрај интензивните броби измеѓу Исламската државата и ирачките сили на безбедност во северниот дел на Мосул, кој ги контролира официјалната армија на Ирак.

Момчето не кажало ништо за тоа каде му е семејството ниту го открило своето име, но постојано се допирало по стомакот додека војниците се обидувале да дознаат нешто за него. Ирачките војници веднаш забележале дека има нешто под маицата, за да подоцна откријат дека се работи за самоубиствен појас.

Момчето подоцна рекло дека уредот му го дал вујко му кој го испратил кај ирачките сили да изврши самоубиство.

Loading...