Џенет Јелен патува во Кина за да разговара за широк спектар на прашања

Сподели со своите пријатели

Американската министерка за финансии Џенет Јелен ќе престојува во Пекинг од 6 до 9 јули, каде ќе има средби за широк спектар прашања со високи кинески претставници, но и за загриженоста на Вашингтон за новиот кинески закон за контрашпионажа, соопшти неиуменуван висок претставник на министерството.

Loading...

Посетата на високата американска функционерка доаѓа само неколку недели по посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Пекинг за време на која беше постигнат договор со кинескиот претседател Си Џинпинг за стабилизирање на врските меѓу земјите и вложување заеднички напори за да се осигура дека интензивното ривалство меѓу двете земји не се „измолкнуваат“ во правец на конфликт.

Кина гласно протестираше кога американскиот претседател Џо Бајден го нарече Си „диктатор“, но аналитичарите велат дека забелешката на Бајден има мало влијание врз напорите за подобрување на врските, пренесува Ројтерс.

„Ние бараме здрави економски односи со Кина, оние кои поттикнуваат раст и иновации. Не сакаме да ги раздвојуваме нашите економии, бидејќи прекинот на трговијата и запирањето на инвестициите би биле дестабилизирачки за двете земји, но и за глобалната економија“, изјави неименуван американски претставник, пренесе Танјуг.