Од Аљаска преку Америка па низ Европа се што има се малку лични работи и велосипед со кој патува низ светот и со кој вчера пристигнал во Куманово.
Триесет и осум годишниот Тајванец кој во 2015. година тргнал на пат околу светот се вика Чан Чунг Јонг, но каде и да оди сите го знаат како Џеки Чен.

Вели дека тоа е неговото англиско име, а го добил на предавањата по англиски јазик уште додека бил студент. Магистар е по физика, а работел како електроинжинер. Оставил се што имал и со својот велосипед започнал да патува, но не од Тајван, туку од Аљаска.
На својот пат ги посетил сите земји во Америка, Аљаска, Канада, САД, Мексико, Куба, но и Централна и Јужна Америка. Од Мексико со фериброд пристигнал во Шпанија, посетил низ европски земји и дошол на Балканот, првин во Хрватска, па Босна и Херцеговина, Црна гора, Албанија, Косово и вчера пристигнал во Куманово. Откако ќе заврши со земјите од Европа, потоа ќе оди во Африка и Азија, а на крај до својот роден Тајван.
– Ова е авантура и се надевам дека можам да го споделам целиот убав свет со моите пријатели. Користам веб сајт и сурфам да видам каде можам да останам со локалните луѓе, кога бев во Аљаска останав кај еден пријател и ми рече дека не може да оди околу светот како мене, но јас можам и целиот свет е мој дом. Мислам дека ова е еден начин да го споделам светот со моите пријатели, изјави Чан Чунг Јонг.

Тајванскиот Џеки Чен кампира на отворено, знае да оди преспива и во полициски станици, но и во противпожарните домови. Од вчера е гостин на кумановските пожарникари кои му излезле во пресрет, му овозможиле да преспие на топло, а со него делат и корка леб. Благодарен е и додава дека е пресреќен што на студеното време наишол на нивната гостопримливост.
– Некогаш кампувам, никогаш не преспивам во хотел, не никогаш, понекогаш има многу добри луѓе, ми плаќаат да спиајм во хотел. Во Косово имаше еден многу добар човек, го прашав дали можам да кампувам на автобуската станица и ми рече нема проблем, но потоа дојде и рече дека е многу студено за да останам надвор и ме однесе во хотел таму да престојам, но јас лично никогаш не спијам во хотели, кампувам, а понекогаш полицкиски станици, пожарникарски домови, но најчесто кампувам на отворено, вели Тајванецот.


