Канадскиот премиер Џастин Трудо ја отфрли идејата дека може да се повлече поради лошите резултати во анкетите на јавното мислење, велејќи дека има уште многу да направи.
Loading...
На прашањето дали можеби ќе поднесе оставка, Трудо им рече на новинарите во Лондон, во канадската провинција Онтарио, дека следните избори се за две години, објави Ројтерс.
Иако неговите либерали имаат договор со помалите Новодемократи што им овозможува да владеат до октомври 2025 година, договорот е необврзувачки и може да пропадне порано, наведува британската агенција.
Анкетите покажуваат дека по девет години на власт, либералите заостануваат зад опозициските конзервативци.