Дводневен семинар по аикидо во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

По 26ти пат Куманово беше домаќин на Меѓународен аикидо семинар кој викендов се одржа во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“, а на кој освен Македонци, учествуваа и гости од Србија. Домаќини на настанот беа членовите на кумановскиот Аикидо клуб Агатсу.

Како и минатата година и оваа најмладите членови на клубот имаа можност вештините да ги совладаат со врвни мајстори, овој пат од Србија.

– Овој семинар го водат инструктори од светски ранг, тука е нашиот учител сенсеи Велибор Весовиќ седми дан, Његоша Ѓаковиќ со шестти дан, Мирко Мрѓа петти дан. Во текот на семинарот ќе имаат по еден час да одржат за да се запознаеме подобро со нашата аикидо вештина и нормално да ја унапредиме, изјави Иван Скрчевски, четврти дан аикидо мајстор.

 

Loading...

 

Во рамките на семинарот викендов беше одржано и полагање на кое дел од кумаските членови се стекнаа со повисокои појаси на мајстори.

– Исто така би сакал да кажам дека во текот на овој семинар се одржа и полагање, во кое нашиот клуб се стекна со повисоки појаси на мајстори, се здобивме со еден четврти дан, еден трети, два втори и еден први дан. Задоволни сме со организацијата и се надеваме деа ќе продолжиме и понатаму со исто темпо, изјави Иван Скрчевски.

Врвни сенсеи од Србија беа дел од дводневниот семинар, а кои на младите кумановци им помагаа полесно да ја совладуваат оваа интересна и модерна јапонска боречка вештина.

– Повод за организација на овој семинар е создавање на нова аикидо организација во Македонија која се вика Македонска аикидо организација. Ова е 26. Семинар кој се организира во Куманово, голем напредок е направен за десет години има мајстори на четврти дан Иван Скрчевски, напредуваме многу добро работиме. Македонија добро напредува и е на вистински пат, изјави Велибор Весовиќ од Србија.

 

 

Аикидо во буквален превод значи „Начин на хармонизирање на енергијата“. Името потполно ја изразува смислата на оваа боречка вештина, која се состои во принципот на неотпор. Овој принцип подразбира аикидоката да не се потпира на својата физичка сила во текот на борбата туку со точни и навремени движења да успева да ги пренасочува нападите на противникот не блокирајќи ги и не судирајќи се со нив.

Кумановскиот аикидо клуб функционира од 2005 година и брои стотина членови.

Leave a Reply