Движењето ЗНАМ започнува со средби со граѓаните со кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“

Сподели со своите пријатели

На денешната прес конфференција Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ги најави активностите на партиско ниво пред претстојните Локални избори.

Loading...

Директорот на Центарот за комуникации и аналитика на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов информира дека Централниот одбор на партијата донел повеќе одлуки.

„Почнувајќи од утре, 23 април 2025 година во рамки на кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ “ во следните 60 дена партиското раководство, сите избрани и именувани функционери од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ќе ги посетат сите општини во Македонија и ќе одржат средби со членовите, симпатизерите и граѓани. Целта е директно да се запознаат со проблемите на граѓаните, но и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, кои ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори. Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните. Во програмата на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија за локалните избори главниот фокус ќе биде на решенија за подобар локален живот – урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување со општинските буџети.  На средбите, заедно со граѓаните ќе извршиме соодветна анализа, по што ќе следува и идентификација на квалитетни кадри (кандидати за градоначалници и кандидати за советници) кои можат да направат вистинска разлика на локално ниво.

Во таа насока формирани се четири каравани кои ќе ги предводат:

– Претседателот Максим Димитриевски

– Генералниот секретар Горан Минчев и

– Двајцата потпретседатели Весна Бендевска и Павле Арсоски“, рече Мемов.

Тој информира дека Централниот одбор донел одлука за одржување на втор изборен Конгрес на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија на кој ќе бидат избрани претседател на партијата, како и централен и надзорен одбор со мандат од четири години.

Loading...

Конгресот ќе биде одржан во втората половина на јуни.

„Донесена е одлука за формирање на градската организација на движењето ЗНАМ – За наша Македонија за град Скопје, а изборната конференција преку соодветна процедура ќе започне со предлози во скопските општински организации и ќе биде одржана кон крајот на мај, рече Мемов и додаде:

„Донесена е одлука за формирање на тим за преговори и евентуална соработка со други политички партии за претстојните локални избори. Тимот ќе го предводи генералниот секретар на партијата, Горан Минчев, а во него ќе учествуваат и потпреседателите Весна Бендевска и Павле Арсоски“.

„Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија до сега има формирано повеќе од 50 општински организации во Македонија. Бројот на членови интензивно се зголемува, што е јасен показател и силен индикатор дека граѓаните ги препознаваат политиките на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Со тоа се докажува дека Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија е најбрзо растечка политичка сила во државата“, рече тој.

Директорот на Центарот за комуникации и аналитика на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Никола Мемов на прес конференцијата информира дека со одлука на Централниот одбор на партијата е избран да раководи со Центарот за комуникации и аналитика на Движењето ЗНАМ.

Запрашан што значи тоа дека започнуваат преговори и дали на локалните избори ќе одат самостојно, Мемов одговори:

„Движењето ЗНАМ формира преговарачки тим за соработка со политичките партии и во рамките на владиното партнерство веќе ги почнуваме преговорите со нашиот партнер во владата ВМРО-ДПМНЕ. Во делот на настапот на локалните ибори партиското раководство на Движењето ЗНАМ размислува за самостоен настап на ниво на советнички листи, а во делот за изборот на градоначалници на општините, размислуваме за соработка и взамена поддршка со ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, секако дека кандидатите на ЗНАМ ќе бидат самостојни кандидати на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија поддржани од ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција“.

На прашањето дали ќе има соработка, поддршка, коалиција и со други партии, Мемов рече:

Loading...

„Засега разговараме исклучиво со коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За подобра Македонија“, меѓутоа конечниот заклучок и соработка за евентуална таква поддршка на локалните избори ќе ја донесат органите и телата на
партијата“.

Запрашан дали господинот Таравари треба биде надвор од владиниот кабинет, Мемов одговори:

„Ставот на Движењето ЗНАМ по ова прашање е многу јасен, го искажавме неколку пати во јавноста, дека тоа е внатрешно прашање на коалицијата Вреди. А нивното останување, значи останувањето на партијата на господинот Таравари, зависи од ставот на премиерот“.