Движењето ЗНАМ за наша Македонија од Куманово ја започнa кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ за наша Македонија започнува со средби со граѓаните, членовите и симпатизерите со кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“.

Loading...

 

 

Вчера дел раководството на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија на чело со претседателот на партијата, Максим Димитриевски, организациониот секретар Сашо Петрушевски, пратениците Даниел Стојчевски, Даниела Белимова и Миле Цеков, членовите на ИО Катерина Тодороска, Јасмин Циривири и Ивана Ѓорѓиевска остварија средба со сите членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово.

 

 

Loading...

Темите на оваа средба беа раководството на партијата директно да се запознае со проблемите на граѓаните, но и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, кои ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се реконструира патот Бељаковце – Клечовце, наскоро и Пчиња – Вак’в (ВИДЕО)

 

 

– Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните. Во програмата на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија за локалните избори главниот фокус ќе биде на решенија за подобар локален живот – урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување со општинските буџети, велат од ЗНАМ.

 

 

Loading...