Движење ЗНАМ – За наша Македонија: Сузбивањето на криминалот и правда за сите се принципите од кои нема отстапување

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е партија која во своето кусо постоење ја доби поддршката на граѓаните и покажа дека за неа и нејзините членови, поддржувачи, честа, достоинството и вистината се нешта од кои нема отстапување.

Loading...

Движење ЗНАМ – За наша Македонија ја информира јавнсота дека информациите пласирани од Левица во нивното соопштение, а во кое се тврди дека лица поддржувачи и финансиери на ЗНАМ, се невистинити, тенденциозни и имаат единствена цел, да ги дезинформираат граѓаните и поддржувачите, како и да му наштетат на угледот на Движењето.

Движење ЗНАМ – За наша Македонија ја поздравува секоја акција на институциите на државата, во случајов полицијата, кои вршејќи ја својата должност го сузбиваат криминалот и со тоа ги штитат интересите на граѓаните и дрќавата.

Движењето ЗНАМ- За наша Македонија секогаш и во секоја ситуација го има и ќе го има интересот на граѓаните и доброто на државата и во таа смисла нема намера да штити криминал и корупција бидејќи во Македонија конечно мора да има правда и секој да одговара за тоа што го сторил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ во владата ќе биде гарантот дека во државата нема да се случуваат нешта како порано

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ја поздравува акцијата на полицијата и се надева дека таа во наредниот период ќе ја засили борбата со криминалот и ќе придонесе во подобрувањето на безбедноста и сигуроста на
сите граѓани.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија смета дека пласирањето на невистини и обвинувања без докази, само со цел нанесување на штета на политички ривал, е нормално за некој кој по четири години парламентарно работење не успеа да добие поголема доверба кај граѓаните, поради што Левица освои ист број на пратенички места како и ЗНАМ.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија сака да укаже дека објектнивното и непристрасно информирање, особено кога станува збор за пласирање на информации со кои се обвинуваат одредени лица, субјекти подразбира дека пред објавувањето на содржините е неопходно да биде контактирана и втората страна. Со тоа ќе се оневозможат дезинформации и пласирање на еднострани, злонамерни и невистинити информаци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Владата ќе ја одржи првата седница

Истовремено и јавноста ќе биде точно, навремено и објективно информирана.

Loading...

Во текот на минатата недела, во акција на Охридската полиција, со поголема количина дрога биле уапсени три лица, за што им е изречена и мерка притвор. Левица соопшти дека се работи за Според Левица, настанот е евидентиран само во дневниот билтен на МВР, додека отсуствува било каква информација до медиумите.

Оттаму партијата на Димитар Апасиев јавно прашува „дали Министерството за правда е доделено на оваа партија за да ги штити криминалците во своите редови кои директно ја финансираат?“.

-Ја информираме јавноста дека овие лица одамна ѝ се познати на полицијата по своите криминогени активности, но поради нивните врски со високи функционери, истите никогаш не се изведени пред лицето на правдата. Впрочем, уапсените лица се во роднински врски со џелатот на транзицијата – Бранко Црвенковски и истите јавно ја поддржаа партијата ЗНАМ на последните избори. Левица го повикува новоизбраниот министер на МВР, Панче Тошковски, да не се обиде да го заташкува овој случај, со цел да го заштити својот помал коалиционен партнер! Јасно е дека проектот ЗНАМ е составен од истрошени политичари и криминални финансиери, кои биле директно дел од трулиот систем на неказнивост и како такви, немаат ниту капацитет, ниту
политичка волја да спроведат реална промена за обичните граѓани, стои во соопштението на опозициската партија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Владата ќе ја одржи првата седница