Движењето ЗНАМ-За Наша Македонија денеска одржа прес конференција на која ги сумираше резултатите од Вториот Конгрес што се одржа вчера, 29 јуни 2025 година.
Портпаролот на Движењето, Никола Мемов, рече дека испраќаат силна порака дека се етаблираат и издигнуваат како стабилен, организиран и одговорен политички субјект, со визија што не се продава, со структура што не се урива, и со волја што не се покорува.
„На Конгресот, повеќе од 420 делегати едногласно му ја доверија претседателската функција на Максим Димитриевски за нов четиригодишен мандат. Ова не е само доверба. Ова е императив дека ќе продолжиме да ја водиме Македонија не со калкулантство и пазарење, туку со чесност, државотворност и непоколеблива посветеност кон народот. Претседателот Димитриевски пред присутните ја нагласи суштината на нашето делување: Одговорност, отчетност, посветеност. Ова се темелите на кои ја рушиме старата партиска матрица и градиме нов поредок“, рече Мемов.
Тој потенцира дека ЗНАМ не влегол во институциите за моќ, туку за правда, ред и државнос, што е новата политичка култура за која се залагаат, а тоа е државата повторно во рацете на народот.
„На Конгресот беa избрани новите состави на Централниот одбор кој брои 80 членови и надзорниот одбор со 5 членови, личности со кредибилитет, интегритет и визија.
Меѓу избраните членови на ЦО се:
– Марин Докузовски, поранешен селектор на кошаркарска репрезентација на Македонија
– д-р Билјана Ќупева Туџаровска, доктор на науки, Филолошки факултет
– Јане Алтипармаков, самостоен уметник, дипломирал филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности
– Игор Митрески, поранешен фудбалски интернационалец и репрезентативец на Македонија
– д-р Александар Петров, доктор на науки, дипломиран машински инженер
– м-р Александар Крстевски, докторант на Економски факултет-политичка економија
– м-р Љубе Маркоски, магистер за стратегиски менаџмент на мали и средни бизниси
Ова не се луѓе од старите политички шеми. Ова се луѓе кои не се дел од компромитираните кругови на минатото, туку гласници на новото време. Тие се доказ дека Движењето ЗНАМ не гради кадри за позиции, туку тим за промени“, рече Мемов.
„На првата сендица на новиот состав на ЦО избрано е потесното раководство на партијата.
– За Генерален секретар на Движење ЗНАМ е реизбран Горан Минчев, дипломиран економист, актуелен министер за јавна администрација
За Потпретседатели на партијата беа избрани:
– д-р Павле Арсоски, доктор на историски науки, генерал-мајор во пензија, актуелен пратеник во Собранието на РМ
– Весна Бендевска, дипломиран психолог, актуелен пратеник и потпретседател на Собранието на РМ
– м-р Борче Серафимовски, Факултет за меѓународна економија и администрација, актуелен државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
– За Организациски секретар е избран Сашо Петрушевски, дипломиран машински инженер
– За Претседавач на Централниот одбор е избран Игор Филков, дипломиран правник, актуелен министер за правда“.
Мемов информира дека е избран и новиот состав на Извршниот одбор во кој се вклучени личности со интегритет и искуство, кои ќе бидат двигатели на идните проекти и победи.
„Извршниот одбор е во состав:
– проф. д-р Бобан Карапејовски, доктор по хуманистички науки (македонски јазик и лингвистика), професор на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, актуелен координатор на пратеничката група на ЗНАМ во Собранието на РМ
– д-р Злате Мехмедовиќ, доктор-специјалист медицински факултет, докторант по јавно здравство, актуелен директор на ЈЗУ Клиника за физикална медицина и рехабилитација
– проф. д-р Јасмин Циривири, специјалист-ортопед, вонреден професор и началник на хируршки одделенија во ГОБ 8 Септември
– м-р Александар Илиев, магистер по безбедност, консултатнт за одбранбена политика и безбедност
– м-р Радослав Настасијевиќ Варџиски, магистер по маркетинг менаџмент, заменик-министер во Министерството за дигитална трансформација
– Виктор Јовановски, дипломиран економист, директор на комерцијалниот сектор во ЕСМ
– Јасмина Петковска, дипломиран политиколог, вработена во Министерство за животна средина и просторно планирање
– Ивана Ѓорѓиевска, филолог по општа и компаративна книжевност и македонски јазик, претседател на Советот на Општина Куманово
– Спец. д-р Соња Ѓорѓиеска, доктор специјалист офталмолог
– Mарин Алексов, Факултет за безбедност, вработен во приватна компанија
– М-р Виктор Ванкоски, магистер по казнено право
– Ристо Николоски, дипломиран правник, адвокат“, рече Мемов и додаде дека ЗНАМ не е само организациска структура. ЗНАМ е акција.
Портпаролот на ЗНАМ исто така информира дека пред Конгресот, функционерите на ЗНАМ во извршната власт дале полн отчет за својата работа, нешто што граѓаните со право го очекуваат, а малку кој го прави.
„Преку двете панел дискусии беа претставени конкретни резултати, реални политики и искрена работа. Јавните финкционери од Движењето ЗНАМ, дадоа отчет за сработеното во 10 области: правосудството, јавната администрација, енергетиката, земјоделието, дигиталната трансформација, пензискиот систем, здравството, животната средина, акредитацијата и односите со верските заедници. Нашите функционери покажуваат нов пристап: работа со интегритет, почитување на институциите, слух за граѓаните и најважно, храброст да се носат вистинските одлуки. Се разликуваме од старите политички елити, затоа што за нас функцијата не е привилегија, туку инструмент за промени. За нас зборот „патриотизам“ не е флоскула, туку обврска да градиме држава во која младите ќе сакаат да останат. Денес можеме да кажеме гласно и јасно: ЗНАМ е иднината на Македонија. Ние не ветуваме чуда, ние работиме. Не се криеме зад флоскули, ние носиме резултати. Ќе продолжиме со теренски активности низ целата држава. Веќе од утре тргнуваме со нашите каравани со теренската активност насловена „СО СРЦЕ ЗА НАШАТА ОПШТИНА“, да бидеме со граѓаните, таму каде што се проблемите, таму каде што се потребите, таму каде што државата мора да покаже човечко лице“, рече портпаролот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Никола Мемов на денешната прес конференција.