Двете земји нема да го поддржат ембаргото за увоз на руска нафта

Сподели со своите пријатели

Европската унија подготвува нов пакет санкции, кои треба да се фокусираат на извозот на руска нафта.

Loading...

Лидерите на ЕУ се надеваат дека ќе постигнат договор за забрана за увоз на руска нафта на следниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, изјави вчера високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

 

Борељ го најавува шестиот пакет санкции против Русија

 

Досега, се чини дека членките на ЕУ не се договориле за ембарго на руската нафта.

Борел рече дека се надева оти Европската унија „значително ќе го ограничи увозот на нафта“, но призна дека нема консензус меѓу членките за ова прашање.

Санкциите нема да бидат поддржани од Унгарија, објави во вторник министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Loading...

 

Сијарто: Без руска нафта нема гаранции за непречено функционирање на економијата

 

Тој истакна дека испораките на руска нафта преку нафтоводот Дружба сочинуваат околу 65 отсто од нафтата потребна за неговата земја и дека нема алтернативни патишта за снабдување.

Словачка, исто така, ќе бара изземање од учество во санкциите, соопшти локалното министерство за економија.