Двегодишното дете ги разбудило родителите кои останале без мирис поради корона и ги спасило од пожарот

Сподели со своите пријатели

Двегодишниот Брендон го спасил своето семејство откако избил пожар во семејната куќа во малото гратче Алворд, Тексас. Тој ги разбудил своите родители кои не чувствувале ништо бидејќи и двајцата го изгубиле сетилото за мирис поради коронавирусот.

Loading...

Брендон кој спиел во дневната соба се разбудил во чад и пламен и ја разбудил својата мајка. Ме тапкаше по стапалото кашлајќи.

Ми рече: Жешко, мамо, жешко – рекла 28-годишната Кајла Дал и додала: – Се свртев и видов дека вратата гори. Родителите брзо станале и ги извлекле сите пет  деца од запалената куќа.

 

 

– Таа врескаше „Оган, оган, оган“. Првата мисла ми беше „Добро, ќе станам и ќе одам на работа“ – рекол 33-годишниот Нејтан, кој, инаку, волонтира како пожарникар, пренесува Метро.

– Имавме секунди. Ова не е ништо помалку од чудо – верува тој. Откако волонтира како пожарникар, Нејтан ги научи своите деца да не допираат ништо во случај на пожар додека се обидуваат да избегаат.

Loading...

Пит истакна дека во нивниот дом не се огласиле аларми за чад. – Тие беа новисензори. Ги поставија пред неполна година и никој од нив не реагираше. Откако успешно успеале да побегнат од куќата, можеле само да гледаат како нивниот дом и автомобили ги проголтува пожарот. – Брендон не спаси. Тој го спаси целото наше семејство. Тој е нашиот мал херој“, рече Кејл.