Повеќе од 200 луѓе трагаат по двегодишното девојче кое исчезна синоќа во Бинген, Германија.
Loading...
„Бидејќи температурите се многу ниски, детето е во животна опасност“, велат од полицијата.
Припадниците на полицијата, пожарникарите и спасувачките единици излегоа на терен, а од синоќа се одвива опсежна потрага.
Девојчето наводно исчезнало од куќата на нејзините родители, а бидејќи е во близина на реката, веднаш биле донесени нуркачи.
Германските медиуми јавуваат дека во потрагата се користат дронови, хеликоптер и кучиња трагачи.
Засега не се познати околностите под кои исчезна девојчето.