Две жени и едно момче живееле во изолација на планина и умреле од глад

Сподели со своите пријатели

Три лица, членови на исто семејство, кои живееле во „изолација“ во Карпестите планини во Колорадо, починале од „глад и студ“.

Loading...

Според извештајот на Би-Би-Си, форензичарите ги објавија причините за смртта на двете сестри и едно момче (14), чии тела беа пронајдени во оддалечен камп во Карпестите Планини на 9 јули.

Надлежните истакнаа дека по истрагата било утврдено дека најверојатно починале „поради студени временски услови и глад“.

Сепак, надлежните изјавија дека причините за смртта се уште не се утврдени и дека се чекаат токсиколошките извештаи.

Според извештаите на националните медиуми, кампот, кој семејството го постави минатото лето за да води „изолиран“ живот, продолжил во текот на целата зима.

Сепак, Ребека Венс (42) и нејзиниот син (14) и сестрата Кристин Венс (41) се верува дека починале во текот на зимата.

Полусестрата на Ребека Венс, Тревала Јара, изјави дека избрала да живее во изолација со своето семејство бидејќи „не и се допаѓа како се одвива светот“.

На почетокот на јули, планинар во кампот Голд Крик во Националната шума Ганисон ги известил властите откако пронашол распаднати делови од телото.

Loading...

Властите соопштија дека две тела биле пронајдени во шаторот во кој престојувале, додека другото тело на надморска височина од приближно 2.900 метри.