Камион влекач марка „Волво“ сопственост на кумановска фирма управуван од В.К. од селото Кучкарево кој превезувал текстил излетал од патот Крива Паланка – Куманово кај селото Облавце, информираат утринава од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според првичните информации од СВР Куманово до сообраќајната незгода дошло поради неприлагодената брзина на условите на патот, но и губење на правец на движење и коловозот кој поради врнежите од дожд бил влажен и лизгав.
На местото на настанот освен екипи на СВР Куманово излегол и мобилен тим на Царинската управа на Република Македонија од каде текстилната стока била претоварена и транспортирана на царинскиот терминал во Куманово.
Камионот – влекач утринава се уште не бил изваден од провалијата во која влетал поради недостиг на соодветна машина која може да го извади товарното возило. Местото на настанот било обезбедувано во текот на ноќта, а денес се очекува да биде подигнато возилото. Како што информираат надлежните сообраќајот бил регулиран и се одвивал без пречки за сите видови моторни возила.
Во сообраќајната незгода немало повредени.
Loading...